logo
logo
logo

Бабиќ: Никој не е фаворит во Битола против Еурофарм Пелистер

Vecer | 22.03.2021

Бабиќ: Никој не е фаворит во Битола против Еурофарм Пелистер

Е.Пелистер утре на домашен терен го игра првиот дуел од осминафиналето во Европската лига. Македонскиот претставник во ова натпреварување го пречекува Бундес-лигашот, Магдебург, противник за кој не треба да се трошат премногу зборови.

„Мислам дека остваривме многу добар резултат, сите сме горди на пласманот во осминафиналето. Среќни сме што ни доаѓа моќна германска екипа како Магдебург, екипа која е во врвот на првенството на Германија. Но, во спортот не се живее од минатото, па ние ќе направиме сè добро да се презентираме и да најдеме што е лоша страна на Магдебург“, смета Бабиќ.

Иако германскиот ракомет е број еден, а Магдебург доаѓа како фаворит, сепак според хрватскиот стратег во Битола не постои токму зборот фаворит.

„Тие играат многу брзо, брза транзиција и брз проток на топка. Имаат на сите надворешни позиции пониски ракометари, кои се моќни во играта „еден на еден“. Магдебург има крила кои скокаат од мали агли и имаат висок процент на реализација. Имаат и подвижна одбрана и можам да набројувам уште многу работи. Тие неслучајно се втори во Бундеслигата, но ќе повторам уште еднаш: Без оглед на сите нивни квалитети, ние ги знаеме нивните слабости. Секој противник има свои слабости и со ментална агилност ќе ги пореметиме и верувам дека тие ќе имаат големи проблеми во Битола. Оптимист сум и покрај тоа што игравме многу натпревари и имаме повредени ракометари. Никој не е фаворит во Битола против Еурофарм Пелистер!“, заврши Бабиќ.

Натпреварот меѓу Е.Пелистер и Магдебург е закажан со почеток во 20:45 часот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk