logo
logo
logo

Аврамовски „распука“ против Денизли (ВИДЕО)

Vecer | 28.04.2021

Аврамовски „распука“ против Денизли (ВИДЕО)

Во голеадата од 6:3 на мечот помеѓу Кајсери и Денислиспор во најновото коло од турската Супер лига, Даниел Аврамовски беше двоен стрелец и најзаслужен за освоените три бода.

Македонскиот репрезентативец и интернационалец погоди во 26. односно 45. минута и уште пред полувреме му донесе солидно водство на неговиот тим.

До крајот Кајсери имаше во еден момент и 5:1, но со два гола примени во последните моменти од мечот, резултатот на крајот излезе 6:3.

Ако досега Аврамовски сезонава го красеа асистенциите, сега на ред дојдоа головите. Ова е дефинитвно година на популарниот Цујо, кој по турбулентниот период во кариерата, конечно покажува што знае и умее, и за каков квалитет всушност се работи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk