logo
logo
logo

“Атомски напад“: Уште една мега ѕвезда доаѓа во Бруклин Нетс

Vecer | 06.03.2021

“Атомски напад“: Уште една мега ѕвезда доаѓа во Бруклин Нетс

Дали Бруклин Нетс ќе бидат најголем и апсолутен фаворит за титулата во НБА? Ако се остварат најавите, а тие велат дека фантастичниот Блејк Грифин би можел да им се придружи на Дурент, Ирвинг и Харден и со тоа би се создал “тим од соништата“, така ќе биде. Тоа ќе биде тим со убедливо најдобриот напад во Лигата, тоа ќе биде „атомски напад“.

Последните информации од НБА велат дека Грифин го откупил договорот со Детроит Пистонс и дека е најблиску до трансфер во Бруклин, кој е решен да создаде екипа која ќе биде доволно моќна да ги победи Лејкерси, односно Леброн и Дејвис.

Нема што, ако против себе ги имаш Грифин, Харден, Дурент и Ирвинг, како ли само ќе го одбраниш својот кош.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk