Поради инцидентите на дербито меѓу Атлетико и Реал, домашниот клуб ја дозна казната која им ја одреди Дисциплинската комисија на Ла Лига. На тој меч навивачите на Атлетико на јужната трибина фрлаа предмети на теренот, а дел го погодија голманот на Реал, Тибо Куртоа. По 15 минутен прекин, мечот продолжи и заврши 1:1.
Сега дел од јужната трибина каде што се навивачите на Атлетико ќе биде празна во наредните три меча на Атлетико во Ла Лига против Леганес, Лас Палмас и Алавес. Се работи за вкупна бројка од 5000 седишта. Освен тоа Атлетико ќе плати казна од 45.000 евра.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата