logo
logo
logo

Аталанта одбила 50 милиони евра од Јунајтед за Едерсон

Vecer | 22.08.2024

Аталанта одбила 50 милиони евра од Јунајтед за Едерсон

Според „Спортиталиа“, Аталанта одбила понуда од 50 милиони евра испратена од Манчестер Јунајтед за играчот од средниот ред Едерсон. Клубот од Бергамо ги одбил „црвените ѓаволи“ со образложение дека играчот не се продава.
Аталанта се соочи со турбулентен период пред почетокот на сезоната. Двајца првотимци се на излезна врата, Теун Копмајнерс чека трансфер во Јувентус, ПСЖ и Арсенал притискаат за Адемола Лукман.
Па така Аталанта не сакаше да остане без уште еден играч и да го ослабне тимот. Инаку Едерсон дојде од Салернитана во 2022 година за 23 милиони евра. Тој има два настапи за Бразил и договор со Аталанта до јуни 2027 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk