logo
logo
logo

Аталанта го „растури“ Наполи, Гатузо пред отказ (ВИДЕО)

Vecer | 21.02.2021

Аталанта го „растури“ Наполи, Гатузо пред отказ (ВИДЕО)

Аталанта е „кошмар“ за Наполи, и по победата во Купот, сега го совлада и во Серија „А“. Аталанта го победи со 4:2, во натпревар во кој тимот на Елмас ја продолжи кризата, и поради тоа Џенаро Гатузо е пред отказ. Елиф Елмас беше стартер и играше до 53. минута кога беше заменет со Инсиње.

Аталанта во првиот дел остана и без својот тренер, кој доби црвен картон на мечот.

Интересно е тоа што сите голови паднаа во вториот дел. Поведе Аталанта преку Запата во 52. минута. Зиелински израмни во 58. минута, а потоа Госенс во 64. минута донесе ново водство за домашните. Муриел во 71. минута со убав гол ја донесе Аталанта на два разлика. Но, Госенс потоа си постигна автогол и намали на 3:2.

Конечниот триумф го донесе Ромеро во 79. минута.

Осимен веројатно изгуби свест и мораше да го напушти теренот пред крајот,  и беше пренесен во болница.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk