logo
logo
logo

„АС“: Не е прашање дали, туку кога Зидан ќе седне на клупата на Јувентус

Vecer | 08.04.2021

„АС“: Не е прашање дали, туку кога Зидан ќе седне на клупата на Јувентус

Шпанскиот весник „АС“ е уверен дека не станува збор за прашањето дали, туку кога Зинедин Зидан ќе го напушти Реал Мадрид и ќе седне на клупата на Јувентус.

Тренерот во разговор со новинарите на „Скај Спорт Италија“ по победата во четвртфиналето од Лигата на шампионите над Ливерпул со 3-1 во вторникот вечерта, Зи-Зу рекол: „Италија е секогаш во моето срце. Јувентус отсекогаш ми бил важен“.

„Не знам дали повторно ќе ме видите во Италија. Сега сум тука. Ајде да видиме што ќе се случи”, додал францускиот стратег и екс-играч на Јувентус.

Според шпанскиот весник Зидан е сигурен дека еден ден ќе седне на клупата на „бјанконерите“, а тоа може да се случи и многу бргу, уште по завршувањето на оваа сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk