logo
logo
logo

„АС“: Белингем не сака во Англија, ќе преговара само со Реал Мадрид

Vecer | 22.12.2022

„АС“: Белингем не сака во Англија, ќе преговара само со Реал Мадрид

Ѕвездата на Борусија Дортмунд и на англиската репрезентација, Џуд Белингам, се врти кон трансфер во Реал Мадрид следното лето, пишува шпански „Ас“.

Според весникот, плановите на играчот не вклучуваат враќање во Англија. Реал Мадрид сака да го донесе Белингем следното лето за да може да помине една сезона со Лука Модриќ, а потоа веројатно и да го наследи. Раководството на Реал Мадрид смета дека 19-годишниот фудбалер и покрај неговата младост е подготвен да игра на највисоко ниво.

Сумата на трансферот на Белингем во Реал Мадрид може да биде 120 милиони евра. Доколку мадриѓаните добијат согласност од играчот за трансфер, полесно ќе преговараат со Борусија, бидејќи за играчот интерес има и кај Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk