logo
logo
logo

АС: Баерн ќе го замени Левандовски со Роналдо

Vecer | 23.06.2022

АС: Баерн ќе го замени Левандовски со Роналдо

Нема крај на информациите поврзани со Кристијано Роналдо. Од ден во ден станува се појасно дека португалскиот фудбалер ќе си замине од Манчестер Јунајтед, а негова следна дестинација може да биде Баерн Минхен.

Шпански АС пишува Роналдо може да биде замена за Роберт Левандовски, кој јавно призна дека сака да го напушти баварскиот гигант.

Португалецот не се вклопува во визијата на новиот тренер Ерик тен Хаг, па во Баерн Минхен ќе има шанса да игра во Лигата на шампиони. Покрај ова ќе има подобри соиграчи од Манчестер Јунајтед и најважно ќе може да дојде до уште еден важен трофеј во неговата кариера.

„Баерн е на патот да постане главна тема на преодниот рок ако го донесе Кристијано Роналдо. По потписот со Садио Мане ќе направи напад од соништата“, се вели во текстот на АС.

Останува да видиме како ќе заврши сето ова, дали навистина Роналдо ќе заигра во Бундес-лигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk