logo
logo
logo

Артета демантира: Сконцентриран сум на Арсенал, не на Барселона

Vecer | 03.03.2021

Артета демантира: Сконцентриран сум на Арсенал, не на Барселона

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави денеска за британските медиуми дека е целосно концентриран на својата работа и исклучително среќен во лондонскиот премиерлигаш.

Неговата реакција доаѓа по наводите дека е можен наследник на Холанѓанецот Роналд Куман на клупата на Барселона.

Претседателските избори во каталонскиот клуб ќе се одржат в недела, а еден од најсериозните кандидати за прв човек Жоан Лапорта најави дека планира да го донесе Артета на местото на Куман.

– Секогаш ќе има шпекулации кога се одржуваат избори во Барселона. Тоа е голем клуб во кој јас израснав како играч и секогаш ќе бидам поврзан. Но, целосно сум концентриран на работата која ја вршам овде, не чека уште многу работа и навистина уживам. Се чувствувам привилегиран што го предводам Арсенал и исклучително сум среќен, изјави Артета за телевизијата „Скај“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk