logo
logo
logo

Арсенал бара начин да ја потопи „Жолтата подморница“

Vecer | 06.05.2021

Арсенал бара начин да ја потопи „Жолтата подморница“

Вечерва во Лондон и Рим на програмата се реванш натпреварите во рамките на полуфиналето во Лигата на Европа. Пред една недела „топчиите“ загубија со 2:1 на гостувањето во Шпанија, па денес ќе бараат пресврт против силниот состав на Унаи Емери, кој се надева на ново европско финале.

Во другото полуфинале, Манчестер Јунајтед во голема мерка зачекори кон финалето на 26 мај во Гдањск, откако ја совлада Рома со 6-2, а денес има задача мирно да ги одигра реванш 90-те минути на „Олимпико“ и да го потврди своето место во битката за трофејот.

Пред Арсенал вечерва е уште еден голем влог. Имено доколку тимот на Артета не успее да дојде до финалето, ризикува да биде надвор од европските турнири за првпат во цели 25 години. Виљареал исто така има амбиции да стигне до големото финале, иако Емери пред мечот ја префрли фаворитската улога кон домаќините.

Лошата вест за Арсенал е што Шпанците немаат пораз на последните 11 натпревари на гостински терен – 7 победи и 4 нерешени натпревари. Во двата тима има по еден казнет играч, тоа се Дани Себаљос кај Арсенал и Етјен Капу кај гостите.

Веројатни состави: 

Арсенал: Лено, Чемберс, Холдинг, Габриел, Џака, Партеј, Елнени, Пепе, Смит-Роу, Сака, Обамејанг.

Виљареал: Рули, Гашпар, Албиол, Пау Торес, Педраза, Чукевате, Парехо, Кокелин, Тригерос, Бака, Морено.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk