logo
logo
logo

Арне Слот им даде божиќно ветување на навивачите на Ливерпул

Vecer | 25.12.2024

Арне Слот им даде божиќно ветување на навивачите на Ливерпул

Тимот на Ливерпул сезонава игра речиси перфектно. Во серија победува, освојува бодови, лидер е во ЛШ и Премиер лигата, го има Мо Салах кој во моментов е можеби играчот кој што е во најдобра форма во цела Европа.

На Енфилд се пресреќни и со менаџерот Арне Слот, кој што во потполност ги оправда очекувањата по заминувањето на Јирген Клоп и се што тој направи за Ливерпул.

Токму Слот исправи божична честитка за навивачите на Ливерпул на кои им порача дека ќе направи се во новата 2025 година тие да се чувствуваат среќно.

„Во Ливерпул сум веќе околу шест месеци, но за тој краток временски период многу брзо научив зошто нашите навивачи секаде се сметаат за многу посебни. Поддршката што ми ја дадовте мене, мојот тим и играчите е голем дел од она што го правиме и она што се обидуваме да го направиме“. – рече Слот.

„Се надевам дека уживавте во фудбалот што тимот го игра досега и го имате мојот збор дека ќе продолжиме да работиме колку што можеме за да продолжиме да се подобруваме“. – додаде стратегот.

„Има уште многу фудбал да се игра, па се надеваме дека втората полусезона ќе биде добра – ако не и подобра – од првата“, гласеше дел од пораката на Арне Слот до навивачите на Ливерпул.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk