logo
logo
logo

Арминија Б. ќе му даде само уште една шанса на тренерот Нојхаус

Vecer | 28.02.2021

Арминија Б. ќе му даде само уште една шанса на тренерот Нојхаус

Тренерот на Арминија Билефелд, Уве Нојхаус најверојатно ќе добие отказ следната недела, шпекулираат германските медиуми. Составот од Источна Вестфалија по последниот пораз на гостувањето во Дортмунд, 61-годишниот тренер на тимот бил повикан на состанок со управата и наводно му било кажано дека ќе има само уште една шанса да си го спаси тренерското место.

Нојхаус има договор со Арминија до 2022 година. Неодамна на прашањето дали се плаши за своето работно место, тренерот на Арминија изјави: „Мислам само на работата и на тренинзите“.

Спортскиот менаџер Самир Араби (42) ги потврди разговорите за иднината на Нојхаус.

„Наша работа е да се справиме одговорно со ситуацијата во интерес на клубот. Менаџментот и управата ќе анализираат и оценуваат заедно следната недела“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk