logo
logo
logo

Апсење на навивачи по дуелот Осасуна – Реал Мадрид

Vecer | 22.02.2026

Апсење на навивачи по дуелот Осасуна – Реал Мадрид

Синоќешниот дуел од новото коло во Примера шампионатот, помеѓу екипите на Осасуна и Реал Мадрид, кој што заврши со победа на домаќинот од 2:1, имаше и „трето“ полувреме.

По големите нереди на терен и досудениот пенал за Осасуна, кој Тибо Куртоа го направи врз Анте Будимир, инцидентите се префрлија и на трибините.

Инспекторите во цивил, кои биле распоредени на трибините, се обиделе да го уапсат човекот кој што фрли шише на теренот. Во тоа самите не успеале затоа што во подтрибинскиот простор на апсењето се спротивставила поголема толпа на луѓе. Интервенирала полицијата во униформа, човекот е приведен, заедно со уште едно момче кое што директно нападнало полицаец.

Полицијата соопшти дека еден од притворените бил повреден за време на брканицата низ ходниците додека се обидувал да избега од полицајците и му била укажана помош од волонтери на Црвениот крст. Најмалку двајца полицајци, исто така, претрпеле полесни повреди.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk