logo
logo
logo

АО: Ѓоковиќ на стартот со Шарди, Надал почнува со Џере

Vecer | 05.02.2021

АО: Ѓоковиќ на стартот со Шарди, Надал почнува со Џере

Еден ден подоцна од предвиденото, денеска беше извршена ждрепката за првиот Грен Слем турнир оваа сезона, Австралија опен. Светскиот рекет бр. 1, Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Шарди од Франција, а доколку биде успешен на стартот во втората рунда ќе го очекува дуел со подобриот од Франсис Тиафо и Стефано Траваља.

Според костурот на ждрепката, во осминафиналето Новак би можел да го пречека Милош Раониќ или Стен Вавринка. Во борбата за полуфиналето ривал на Ѓоковиќ би можел да биде Александар Зверев.

Втората половина на ждрепката ја предводи Рафаел Надал, а негов прв ривал ќе биде српскиот тенисер Ласло Џере.  Во второто коло, Надал би можел да се есретне со уште еден Србин – Виктор Троицки, ако успее на стартот да го мине Мајкл Мо.

Де Минаур е евентуален противник на Надал во четвртото коло, а во четвртфиналето тоа може да бидат Карен Качанов, Фабио Фоњини или Хуберт Хуркач.

Андреј Рублев, Данил Медведев или Стефанос Ципипас евентуално го чекаат Шпанецот во борбата за финалето. Австралија опен започнува на 8 февруари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk