logo
logo
logo

Ангеловски: Да ја оправдаме улогата на фаворити; Барди: Битно е да погодиме порано

Vecer | 27.03.2021

Ангеловски: Да ја оправдаме улогата на фаворити; Барди: Битно е да погодиме порано

Македонската фудбалска репрезентација ја одржа официјална прес-конференција пред утрешниот меч со Лихтенштајн. На обраќањето пред новинарите присуствуваа селекторот Игор Ангеловски и играчот за врска Енис Барди.

Ангеловски кажа дека улогата на фаворити мора да се оправда, и дека сака од првата шанса да се постигне гол.

„Апсолутно сме фаворити и тоа треба да се оправда. Многу пати сме биле во ваква улога, и покажавме дека можеме да се носиме со тоа, нека биде така и утре. Лихтенштајн има нова генерација, ја анализиравме на дуелот со Ерменија. Направивме анализа, она што беше добро сакам да е уште подобро, а слабоста да ја анулираме.  Сакам од првата шанса да поведеме утре. Од дуелот со Романија немам замерки како одигравме и од залагањето.“, потенцираше Ангеловски, кој истакна дека здравствениот билтен се подобрува.

„Никогаш не ја делам селекцијата на поединци, за мене важно е тимот да функционира. Здравствениот билтен се подобрува. Дарко Велковски нема да игра сега, веројатно ќе може со Германија. Адеми уште мора да калкулира со минутажа.“, изјави селекторот на репрезентацијата.

Енис Барди истакна дека сега сите различно гледаат на македонската репрезентација, после пласманот на ЕП.

„Квалитетни сме, на европско сме и сега поинаку сите не гледаат. Атмосферата секогаш е топ, се гледаме во очи и велиме дека уживаме да сме дел од репрезентацијата. Секогаш е тешко да се игра против селекција која се брани. Тешко е да се игра против 11 дефанзивци. Битно е да се даде гол рано, а потоа се е лесно. Најважно е да одиграме како што знаеме“, рече Барди.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk