logo
logo
logo

Ангеловски: Барди е добро, а утре ќе одиме на победа

Vecer | 31.05.2021

Ангеловски: Барди е добро, а утре ќе одиме на победа

Македонската фудбалска репрезентација утре на Арената Тодор Проески во Скопје ќе ја одигра првата пријателска средба во рамките од подготовките за Европското првенство.

Прво што јавноста ја интересираше на денешната официјална прес конференција секако е состојбата со Енис Барди и позитивниот ковид тест.

„Енис Барди се чувствува добро, нема симптоми и едвај го чекаме негативниот тест, за да ни се приклучи. Одлично се чувствуваме сите. Македонија се досега била спаринг партнерот за подготовки, а сега сме токму ние оние кои одиме на ЕП. Словенија ни е познат противник и утре очекуваме добра контрола“ – вели селекторот Игор Ангеловски, па додава.

„Секако дека како ние следиме, така и противниците не следат нас. Добро ме познавате јас сум долго на оваа функција, па во зависност од она што сметаме во моментот за тоа и ќе се одлучиме што се однесува до формацијата. Она што сметаме дека ќе ни донесе успех, тоа ќе одиграме“ – истакнува Ангеловски.

На прашањето дали и колку присутната публика на утрешниот меч по долго време ќе промени во атмосферата во напиот табор.

„Фудбалот се игра за побулика, што се вели дури чувствуваме и поизитивна трема. НАвивачите да дојдат во што поголем број, и посакувам сите оние кои ни даваа подршка од секаде сега да дојдат на стадион и да им дадат подршка на овие момци затоа што заслужиле“ – вели нашиот кормилар.

 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk