logo
logo
logo

Андриј Лунин: Не сум јас херој…..

Vecer | 18.04.2024

Андриј Лунин: Не сум јас херој…..

Реал Мадрид има голема среќа што на својот гол го има Украинецот Андриј Лунин. Човекот кој требапе да биде трет голман, по Куртоа и Кепа, но ете доби шанса а од вчера е новиот херој на “кралевите“.

Токму Лунин им ги одбрани пеналите во серијата на Бернардо Силва и Матео Ковачиќ и го однесе својот тим во полуфиналето.

А самиот Лунин е скромен како и секогаш, неверојатно е тоа што тој во пенал – серијата не искажа никакви емоции а не се ни израдува премногу кога Рудигер погоди за конечна победа:

Нема што премногу да кажам. Не сум јас херојот. Тимот е преполн со херои. Моите соиграчи трчаа и се бореа 120 минути, а јас не трчам ни пет минути на натпревар“ изјави Лунин.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk