logo
logo
logo

Анчелоти: Касемиро сака нов предизвик, мора да ја почитуваме неговата желба

Vecer | 19.08.2022

Анчелоти: Касемиро сака нов предизвик, мора да ја почитуваме неговата желба

Се погласни се информациите дека бразилскиот играч за врска Касемиро ќе го напушти Реал Мадрид и ќе отиде во Манчестер Јунајтед каде што ќе игра во Премиер лигата. Се споменува сума од преку 60 милиони евра, фудбалерот би добил двојно повисока плата па двата клуба се во преговори да го завршат трансферот.

И тренерот на Реал Карло Анчелоти потврди дека Касемиро може да не продолжи во дресот на Реал.

Зборував со Касемиро. Сака нов предизвик, а ние мора да ја почитуваме неговата желба. Ништо не е официјално, но негова желба е да замине. Со Реал освои се што можеше да се освои. Сега сака да проба нешто друго“, вели Анчелоти кој нема да биде во составот против Селта викендов.

Нема да игра утре. Во тек се преговори, ништо не е официјално, но јасна ни е неговата намера“, -изјави Карло Анчелоти за „Ел Чирингито“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk