Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим очигледно дека има сосема нов пристап кога станува збор за играчите, односно тимот. На Олд Трафорд долго време се мачат со пронаоѓањето на добар тренер, на квалитетни засилувања, на добра атмосфера која што ќе ги врати насмевките и пред се добрите резултати. Тоа веќе трае со години, а барем на стартот Аморим се покажува како добро решение.
Тој смета дека добриот однос со играчите, и дадената шанса на секој од нив ја прави атмосферата во соблекувалната и тоа како добра.
„Можете ли да замислите каква е атмосферата во соблекувалната кога сите, до еден добија шанса да стартуваат во првите три меча откако сум тука. Тоа дава на значење на секого. Дека секој од нив е важен. Дека сите сме заедно во ова. И дека мора да се држиме заедно“ – изјави Аморим.