Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим проговори по поразот на тимот предводен од него со 0:2 од тимот на Арсенал во големото дерби од 14. коло на англиската Премиер-лига. Тоа беше деби пораз за специјалистот откако тој го презеде тимот во средината на минатиот месец.
„Тоа беше тежок натпревар. Се обидовме да играме наш фудбал, особено во првото полувреме. Ни треба повеќе подготовка. Стандардите менуваат сè, го менуваат текот на играта. Навистина ни беше тешко. Се обидовме, но имавме две шанси и не постигнавме гол, а потоа тие постигнаа гол. Треба да разбереме дека зад себе имаат години работа во кои работеа на нивните стандарди. Дури и кога сте тука долго време, можете да видите како тоа менува сè“, рече Аморим.
Поразот ги врати „црвените ѓаволи“ во втората половина на табелата, а тимот се уште е далеку зад топ 4.