logo
logo
logo

Американци му понудиле на Де Лаурентис 2 милијарди евра за да го купат Наполи

Vecer | 23.05.2026

Американци му понудиле на Де Лаурентис 2 милијарди евра за да го купат Наполи

ФОТО: SSC Napoli/FB

Американски конзорциум се обидува да го купи Наполи. „Атлетик“ дознава дека „Андердог Глобал Партнерс“ (UGP) ги води преговорите во име на групата инвеститори.

Аурелио Де Лаурентис немаше намера да го продаде клубот, но тоа не ги спречи УГП и неговите партнери. Преговорите траат веќе шест месеци. УГП веќе има инвестиции во италијанскиот спорт, бидејќи се јавува како компанија мнозински сопственик на Кампобасо, клуб во третата италијанска лига. Минатиот мај, таа исто така купи контролен удел во кошаркарскиот тим на Наполи.

Конзорциумот има намера да поднесе понуда за учество во НБА Европа, која треба да започне во 2027 година. Наполи на тој начин ќе стане дел од единствена мултиспортска структура.

Предлогот на УГП направен во име на конзорциумот, вклучува обврска за инвестирање во инфраструктура, вклучувајќи ја приватизацијата и реконструкцијата на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Според „Атлетик“, преговорите се заглавени поради неколку спорни прашања, но УГП се надева дека ќе ги надмине овие разлики и ќе го продолжи дијалогот со Де Лаурентис.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk