logo
logo
logo

Американски кошаркар го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа

Vecer | 26.03.2021

Американски кошаркар го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа

Само неколку дена откако во сообраќајна несреќа згасна животот на младиот италијански фудбалер Даниел Гуерини од Лацио, дојде уште една страшна вест и тоа од Америка каде во сообраќајна несреќа загинал талентираниот кошаркар на Универзитетот Гранд Кенјон Оскар Фрејер. Крилниот играч имал само 23 години, а животот го загубил во сообраќајна несреќа во Калифорнија во близината на Лоди. Освен Фрејер настрадала и неговата постара сестра Андреа Мур, а животот го загубило уште едно лице кое не е идентификувано.

Американските медиуми веднаш се присетија на судбината на ова семејство бидејќи и неговиот татко загинал во сообраќајна несреќа кога Фрејер имал само седум години. Оваа вест доаѓа само три дена по дебито на Оскар во НЦАА лигата.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=dfpGrK4nX0A[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk