logo
logo
logo

Алиоски: Лидс го смени мојот живот!

Vecer | 12.05.2021

Алиоски: Лидс го смени мојот живот!

Остануваат уште три кола до крајот на сезоната во Премиерлигата, уште три настапи за Езџијан Алиоски во дресот на Лидс Јунајтед. И дефинитивно нема договор меѓу македонскиот репрезентативец и славниот англиски клуб, па затоа може да се каже дека по одигрувањето на тие три меча, Алиоски ќе го напушти Лидс и ќе се пресели во Галатасарај.

Секако дека во преден план за Џани е каде тоа ќе ја продолжи својата кариера откако мина четири години на „Иланд Роуд“, но тој се подготвува и за настап на ЕУРО со својата репрезентација, каде е еден од најдобрите.

Џани во изјава за медиумите во Англија покрај другото посочува дека тој секогаш ќе му биде благодарен за Лидс за тоа што е сега.

Јас секогаш им велам на луѓето, Лидс Јунајтед го смени мојот живот, како фудбалер, но исто така и како личност“ потенцираше Алиоски.

Да потсетиме дека Џани во Лидс дојде во летото 2017 година и тоа од Лугано, претходно играше и за Шафхаузен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk