logo
logo
logo

Александер Арнолд не е потешко повреден

Vecer | 11.11.2024

Александер Арнолд не е потешко повреден

Иако страдаше неговата тетива на мечот против Астон Вила и иако тој беше заменет уште во 25 минута од мечот, Тренд Александер Арнолд сепак не е потешко повреден. Крилниот играч на Луверпул нема да одуствува повеќе од две недели, иако секако ќе биде поштеден од игрите за националниот тим. ВД Селекторот Ли Карсли го повика за претстојните мечеви од Лигата на Нациите но истите бекот секако дека ќе ги пропушти.

Прв меч на кој Александер Арнолд може да биде достапен е оној од Премиер лигата на 24 декември против Саутемптон, а потоа следуваат и екстра пресметките против Реал Мадрид односно Манчестер Сити.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk