Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри доби суспензија од еден меч од страна на дисциплинската комисија на Серија А, и нема да го води тимот на дуелот со Парма во рамките од 26. коло.
Алегри беше исклучен на дуелот со Комо кој патем заврши 1:1, по вербалниот дуел со противничкиот табор.
Од дрига страна пак Цеск Фабрегас, тренерот на Комо, не доби никаква казна, иако тој практично и беше иницијатор на инцидентот откако имаше лоша реакција крај аут линијата кон домашниот играч Салемакерс.
Сепак, дел од стручниот штаб на Комо, менаџерот на тимот Давиде Катанео и асистентот Диего Перез Кастиљо се суспендирани со по еден натпревар поради нивната расправија со Алегри.