logo
logo
logo

Албанија драстично казнета од страна на УЕФА

Vecer | 15.04.2025

Албанија драстично казнета од страна на УЕФА

Репрезентацијата на Албанија е казнета од страна на УЕФА и ќе мора стартот на квалификациите за Мундијалот во 2026 година во јуни да го започне со санкции.

Имено, УЕФА одлучи да го казни домаќинот, во случајот Албанија во дуелот со Србија, да го одигра мечот на својот стадион Ер Албанија со намален капацитет. Поточно да бидат затворени двете трибини зад головите. Исто така важечка е и финансиска казна од 20.000 франци. Истите стапуваат на сила поради навивачките испади на мечот против Андора. На тој меч навивачите го изразија незадоволството што Албанија го организира У21 шампионатот на Европа заедно со Србија, па реагираше дури и ФИФА. Сепак, на организаторот ќе му биде дозволено овој дел од стадионот да го пополни со дечиња кои организирано ќе бидат донесени на натпреварот.

Од друга страна ниту пак на Србија и е дозволено да носи навивачи во Тирана.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk