logo
logo
logo

Последниот меч за Велс го одигра во Скопје: Ален оди во пензија!

Vecer | 03.05.2025

Последниот меч за Велс го одигра во Скопје: Ален оди во пензија!

Велшкиот фудбалски репрезентативец кој пред само неколку месеци играше и на мечот од квалификациите за СП 2026 против Македонија во Скопје, Џо Ален, најави завршување на играчката кариера. Играчот од средниот ред на Свонси, одлучи да ги закачи копачките на крајот од сезоната.

35-годишниот Ален го одигра својот последен натпревар за Свонси денес против Оксфорд во последното коло од Чемпионшип.

Тој се надеваше дека ќе стигне до Светското првенство во 2026 година со репрезентацијата на Велс, но ја донесе одлуката бидејќи смета дека нема да биде во својата најдобра форма во тој момент.

Ален пораснал во Свонси, но се приклучил на Ливерпул во 2012 година и одиграл 132 натпревари за клубот пред да му се приклучи на Стоук во 2016 година. Потоа се вратил во Свонси во 2022 година. Ален има и 77 настапи за селекцијата на Велс.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk