logo
logo
logo

Ал – Наср по Роналдо го носи и Канте

Vecer | 25.12.2022

Ал – Наср по Роналдо го носи и Канте

Многу прашина се крена околу трансферот на Кристијано Роналдо на Бискиот исток, поточно во тимот на Ал – Наср, но чигледно дека првите луѓе на овој клуб, немаат намера да застанат тука и планираат да направат супер тим.

Поточно, по Роналдо ќе тргнат да го доведат и Нголо Канте, во моментов членот на Челзи.

31-годишниот Французин имаше проблеми со повреди кои го мачеа во последните години. Ова беше причината поради која испадна од составот на „петлите“ за Светското првенство во Катар и многу ретко играше за Челзи во последно време. 

Договорот на Канте истекува на лето, па реално е Челзи да сака да заработи нешто на него, или пак Ал- Наср да го доведе како слободен играч.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk