logo
logo
logo

Ал-Келаифи: Луис Енрике е мојата најдобра одлука откако сум во ПСЖ!

Vecer | 07.05.2026

Ал-Келаифи: Луис Енрике е мојата најдобра одлука откако сум во ПСЖ!

Јасно е дека топ – тема во светот на фудбалот денеска е ПСЖ и успехот на овој тим, кој втора сезона во низа ќе игра во финалето во ЛШ со шанса да го освои вториот трофеј. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е горд и јасно е дека не штедеше пофалби за Луис Енрике по новиот пласман на Парижаните во финалето на Лигата на шампионите. Првиот човек на францускиот гигант, го означи шпанскиот стратег како најдобар тренер во светот и призна дека неговото доаѓање во Париз била неговата најдобрата одлука откако го води клубот.

Луис Енрике е нашето најголемо богатство. Тој е најдобрата одлука која сум ја донел откако го водам ПСЖ“ рече Ал – Келаифи.
По пристигнувањето во Париз, Енрике го промени изгледот на тимот. ПСЖ повеќе не е само збирка големи имиња, туку тим со јасен идентитет, поголема тактичка дисциплина и посилно чувство за заедница.

Според Ал-Келаифи, ова е најголемата промена што Шпанецот ја донесе во соблекувалната.

Неверојатно е како тој ја управува секојдневната работа во клубот, играчите, медиумите и сите околу него. За мене, тој е најдобриот тренер во светот“, додаде претседателот на ПСЖ.
Парижаните освоија ново финале во Лигата на шампионите со победата против Баерн, а Ал-Келаифи по успехот истакна дека тимот под водство на Енрике стана вистинско семејство.
„Начинот на кој работат заедно, како живеат заедно и како се борат еден за друг, тоа е она што најмногу го сакам кај овој тим“, рече тој.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk