logo
logo
logo

Ал Келаифи контра Тебас: Нека си ja оправа Ла Лига која е мртва

Vecer | 22.06.2022

Ал Келаифи контра Тебас: Нека си ja оправа Ла Лига која е мртва

Реал Мадрид и Ла Лига се уште не можат да поверуваат како Пари Сен Жермен ги заобиколува правилата на финансискиот фер-плеј и потпишуваат богати договори со фудбалерите. Се уште е свеж случајот со Килијан Мбапе кој по неколку месечна сага, конеччно, потпиша нов договор со парискиот клуб.

Со тоа Реал „извиси“, а луѓето од „Бернабеу“ беа лути на ова, а Ла Лига поднесе и жалба до УЕФА поради начинотна финансирање и функционирање на ПСЖ и случајот со Мбапе. Првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас вели дека УЕФА мора сериозно да се подзанимава со работењето на ПСЖ. На тоа одговори и првиот човек на ПСЖ Насер Ал-Келаифи.
Тебас? Не го познавам. Нека си ја оправа Ла Лига, која е мртва, а не да дава лекции на другите. Нашиот начин на функционирање е така што не се мешаме во работите на другите тимови, лиги и федерации. Ние имаме фудбалски проект и ќе продолжиме напред со него“, кажа Ал-Келаифи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk