logo
logo
logo

„Ако татко ми го освои Светското со Бразил ќе биде најголемиот тренер во историјата!“

Vecer | 01.07.2025

„Ако татко ми го освои Светското со Бразил ќе биде најголемиот тренер во историјата!“

Синот на прославениот италијански стратег Карло Анчелоти, Давиде, во интервју вели дека неговиот татко е способен да го освои Светското првенство со Бразил.

„Ако Бразил го освои Светското првенство, Карло ќе биде најголемиот тренер во историјата, без сомнение. Но, не можам да бидам објективен во врска со ова. Дури и без освојување на Светското првенство, го сметам за најголемиот тренер во историјата“, изјавил Давиде.

Давиде по заминувањето од Реал (М) се подготвува да започне самостојна тренерска кариера.

„Имам јасна амбиција – еден ден да работам како главен тренер. Ова е мојата цел и сум многу јасен во врска со тоа. На крајот од сезоната, татко ми ме замоли да останам со него во бразилската репрезентација, а јас побарав малку време да размислам и да разговарам со некои клубови. Имаше одредени опции, но без да навлегувам во деталите од преговорите, најдобрата одлука за мене беше да го прифатам овој предизвик – да одам на Светското првенство со тим поддржан од 200 милиони луѓе“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk