Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека доделувањето на наградите за најдобрите во 2025 година ќе се одржи во главниот град на Катар, Доха, на 16 декември од 18:00 часот по средноевропско време.
„Како и секогаш, навивачите одиграа клучна улога во изборот на победниците, давајќи над 16 милиони гласови и учествувајќи во одредувањето на судбината на наградите, вклучувајќи ја најдобрата фудбалерка, најдобриот фудбалерка, најдобрата тренерка, најдобриот машки тренер, најдобрата голманка и најдобриот машки голман. Сите добитници на наградите беа одредени преку систем на гласање со еднаков удел помеѓу навивачите, актуелните капитени и селектори на сите женски и машки национални тимови и претставниците на медиумите“, се вели во соопштението на ФИФА.
Ова е десетта година откако ФИФА ги воведе овие награди.
Заедно со горенаведените награди, ќе бидат избрани идеалните тимови во машката и женската конкуренција, најубавите голови во двете натпреварувања, како и наградата за фер-плеј и наградата на навивачите.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата