logo
logo
logo

Агентот на Жиру бил во Рим на преговори со Рома

Vecer | 18.04.2021

Агентот на Жиру бил во Рим на преговори со Рома

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру е на пат да ја продолжи кариерата во Серија А, објави новинарот Николо Шира.

Според него, Рома, Милан, Интер и Јувентус се заинтересирани за услугите на францускиот фудбалер. Директорот на Рома, Тијаго Пинто веќе и имал состанок со агентот на фудбалерот минатата недела.

Жиру оваа сезона има мала минутажа во составот на „сините“, особено по доаѓањето на Тухел на кормилото на тимот. 34-годишниот фудбалер изјави дека тој би сакал да остане во Премиер лигата и следната сезона, но доколку добие добра понуда од Италија сигурно ќе размисли.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk