logo
logo
logo

АЕЛ Лимасол го „пикирал“ Кире Ристевски

Vecer | 14.05.2021

АЕЛ Лимасол го „пикирал“ Кире Ристевски

Според пишувањата на кипарскиот спортски сајт „sport-fm.com.cy“ АЕЛ Лимасол за идната сезона има пикирано неколку фудбалери, дел од нив од локалните клубови како и македонскиот репрезентативец Кире Ристевски кој настапува во унгарски Ујпешт.

Ристевски всушност одамна е на списокот на потенцијални засилувања на тренерот Душан Керкез кој го побарал нашиот играч во јануари, но тогаш не дошло до трансфер, пренесува истиот извор. Сега повторно ќе тргне по него и се надева дека од вториот обид ќе го убеди македонскиот стопер да дојде во Лимасол и да им се придружи на другиот македонски играч – Давор Здравковски.

Ристевски ја почна кариерата во Пелистер, играше за албанските Елбасан, Билис Балш и Тирана, за бугарската Славија Софија, па Работнички, а во 2016 година замина во Унгарија прво во Вашаш, а потоа во Ујпешт со кого оваа сезона го освои Купот на Унгарија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk