logo
logo
logo

Адеми е рекордерот на Динамо и хрватскиот фудбал

Vecer | 10.05.2021

Адеми е рекордерот на Динамо и хрватскиот фудбал

Аријан Адеми викендов слави нова титула со својот тим Динамо Загреб. Тоа е 10-та за овој играч од средниот ред, кој влезе во историјата на славните на клубот. И не само на клубот, туку општо, во хрватскиот фудбал.

Тој е најтрофеен играч во историјата на „модрите“ со 10 освоени шампионски трофеи, и воедно најтрофеен во хрватскиот фудбал воопшто.

Адеми и заслужи да биде дел од историјата на овој клуб, откако му покажа верност. Неколку пати имаше понуди да замине, но на крајот се решаваше да остане и не погреши.

Динамо Загреб математички ја обезбеди титулата со победата над Ријека. Стефан Ристовски, пак, се радуваше на вториот трофеј во историјата, откако претходно се закити со него во дресот на Ријека.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk