Изминатиот викенд во Аминдео, Грција, се одржа престижниот Меѓународен турнир во џудо „Филипос“, кој собра натпреварувачи од тринаесет земји, меѓу кои и Грција, Англија, Египет, Ерменија, Грузија, Турција, Полска, Ирска, Бугарија, Италија, Србија и Македонија.

Џудо клубот Суперџудо Скопје настапи со 10 натпреварувачи и се врати со извонредни резултати:
Матеј Трајковски – златен медал
Кјара Нефовски – златен медал
Калин Нимичев – златен медал
Ведран Манојлов – златен медал
Томислав Милковски – сребрен медал
Андреј Трајковски – бронзен медал
Димитар Марковски – бронзен медал

Младите џудисти покажаа борбеност, храброст и одлична техничка подготвеност, оставајќи силен впечаток кај публиката и организаторите.
Овие резултати се доказ за континуираната посветеност и напорната работа на секој тренинг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата