logo
logo
logo

А дојде како мега – засилување: Шкендија се “ослободи“ од Ес Саххал!

Vecer | 22.02.2021

А дојде како мега – засилување: Шкендија се “ослободи“ од Ес Саххал!

Абубакер Ес Саххал не е веќе член на Шкендија. Оваа вест е потврдена и од самиот клуб. Нешто што беше очекувано, но нешто што требаше да се случи барем неколку дена порано, а не во пресрет на гостувањето во Кратово.

Инаку Ес Саххал кој е по потекло од Мароко, а има француски пасош, при неговото доаѓање во ланскиот зимски преоден рок, беше најавен тогаш како мега засилување. Младиот офанзивец, кој има играно и за младите селекции на “галските петли“ беше донесен во Шкендија да биде иднината на овој клуб. Да ги искаже сите свои квалитети а потоа и да биде продаден, така тоа го прават клубовите кои знаат што сакаат или знаат како тоа да го работат во фудбалот.

Според некои шпекулации за Ес Саххал клубот платил и цели 50.000 евра само за отштета, секако дека тука не ја сметаме и баснословната плата за самиот играч која ја земал во Шкендија.

Така да сумата би одела и до 100.000 евра, што за наши услови е сума која воопшто не е мала, па макар станува збор и за клуб кој има богат газда, како Шкендија.

Реално уште кога дојде се виде дека Ес Саххал е далеку од мега – засилување, му се даваше шанса, но тој таа шанса не ни знаеше, а не ни можеше да ја искористи. Лимитирани беа тие негови “мега – квалитети“.

И беше јасно дека разделбата е при крај.

А замислете барем 30% од тие пари што беа дадени за Ес Саххал да му се дадоа на Енур Тотре за оваа година.

Замислете…

Но тоа е друга “приказна“, приказна која Шкендија може да ја чини многу, многу…пари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk