logo
logo
logo

“НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА КОЛКУ ГРЕНД СЛЕМА ОСВОИЛ, на вакцината не и е важно како си рангиран на АРП листа...

Vecer | 19.10.2021

“НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА КОЛКУ ГРЕНД СЛЕМА ОСВОИЛ, на вакцината  не и е важно како си рангиран на АРП листа...

Додека се очекува како ќе се заврши оваа сезона и дали Ѓоковиќ ќе ја заврши уште една година како најдобар тенисер во светот, наголемо се зборува за Австралија Опен 2022.

Причината е што можна е рестрикција за играчите, повторен карантин за кој сите се побуниле и задолжителна вакцинација.

Сега премиерот на австралиската држава Викторија Даниел Ендруз повторил дека никој нема да добие виза за влез во земјата ако не е вакциниран.

“Мора да бидат вакцинирани“ одговорил на прашањето на "Skaj Australije" за тоа, а потоа јасно објаснил пред се мислел на Новак Ѓоковиќ.

“Не мислам дека лицето на кое мислите или било кој друг тенисер, голфер или возач на Формула 1 може да добие виза без тоа“, нагласил тој.

Новак не открива јавно дали е вакциниран, а ова не е првпат Ендруз јавно да врши притисок врз најдобриот тенисер во свет и човек кој ги испишал страниците на тениската историја во Австралија.

“На вакцината не и е важно како си рангиран на АРП листа и колку имаш гренд слема, извинете ама тоа за вирусот не е битно. Тоа е илеревантно, мора да бидете вакциниран, како би се заштитиле себеси и другите“, додал тој.

Познато е дека спортистите се ставени на листа на оние кои мора да се вакцинираат двапати за да можат да влезат во земјата, а министерот за спорт во владата на Викторија, јавно пишал до ВТП и АТП дека нивните членови се вакцинираат.

“Тоа ќе им даде шанса да се натпреваруваат на Австралија опен со минимални рестрикции“, рекол тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk