logo
logo
logo

Поради овие две убавици МАЖИТЕ ЌЕ ГЛЕДААТ ОЛИМПИЈАДА (ФОТО)

Vecer | 21.07.2021

Поради овие две убавици МАЖИТЕ ЌЕ ГЛЕДААТ ОЛИМПИЈАДА (ФОТО)

Олипијадата во Токио започнаа денеска, додека свеченото отворање ќе се одржи во петок (23-ти јули). Една од спортистките чие доаѓање долго се чекаше и која будно беше следена е Ингрид Оливеира (25).

Атрактивната Бразилка, која се натпреварува во нуркање, беше една од главните теми на претходните Олимписки игри во нејзината татковина, Бразил. Таа беше мета на јавноста поради наводен маратонски секс со нејзиниот тогашен партнер Педро Гонзалес во Олимпиското село и се смета дека поради тоа пропуштила натпревар.

Се шпекулираше дека поради нејзината врска со нејзиниот партнер, таа го избркала својот цимер од собата.

- Го однесов Педро во собата, но не избркав никого поради тоа. Тие не ме исфрлија од Игрите. Во еден момент, двајцата сакавме нешто повеќе, како и многу други.  Но, само мојот случај протече. Не избркаа затоа што имавме беспрекорна историја. Кога ми рекоа дека сè ќе излезе во медиумите, плачев со денови. Целата приказна беше искривена - изјави тогаш Оливеира.

Друга спортистка поради која мажите ќе следат Олимписките игри е Летиција Буфони од Бразил која се натпреварува во скејтборд.

Пред да замине за Токио, Летиција освои златен медал во Калифорнија и веќе важи за еден од фаворитите во женска конкуренција.

Бразилката привлекува внимание со својот изглед, особено извајаното тело и тетоважите. Нејзините фотографии и видеа што ги објавува на Инстаграм имаат стотици илјади прегледи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk