logo
logo
logo

УЖАС ВО МАДРИД: Гори „Сантијаго Бернабеу“, стадионот на Реал Мадрид (видео)

Vecer | 26.05.2021

УЖАС ВО МАДРИД: Гори „Сантијаго Бернабеу“, стадионот на Реал Мадрид (видео)

Голем пожар избил на стадионот Сантијаго Бернабеу. Ударната вест од Мадрид за брзо се прошири низ мноштво фотографии и снимки од стадионот на Реал Мадрид каде избил пламен.

Се уште не позната причината која го предизвикала пожарот, и дали има повредени.

Од тоа што може да се види е дека на еден од деловите на конструкцијата на стадионот се гледа  пламен и густ чад кој се издига над „Сантијаго Бернабеу“, а снимките и фотографиите доаѓаат од Мадриџан каде од неколку објекти во градот ја следат ситуацијата.

Стадионот Реал Мадрид е во фаза на реновирање кое треба да биде готово за сезоната 2022-2023, но прва претпоставка е дека дошло до некои компликации при работењето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk