logo
logo
logo

79 повредени на меч од Регионална лига во Германија

Vecer | 01.12.2024

79 повредени на меч од Регионална лига во Германија

Околу 80 лица се повредени во големите нереди на навивачите по натпреварот од регионалната германска лига меѓу Карл Цајс Јена и Хеми Лајпциг, соопшти локалната полиција.

Имено, навивачите на двата клуба насилно ги отвориле портите кои ги делеле и жестоко се судриле по вчерашниот натпревар кој се одигра во Јена. Би-Би-Си јавува дека полицијата употребила солзавец и палки за да ги раздвои навивачите, а во нередите се повредени 65 навивачи, 10 полицајци и пет лица од обезбедувањето.

Пред натпреварот, околу 350 домашни навивачи започнаа ненајавен марш низ градот, фрлајќи пиротехнички средства, по што полицијата била принудена да интервенира. За време на натпреварот, кој се одигра пред 7.224 гледачи, двете навивачки групи користеле пиротехнички средства.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk