logo
logo
logo

Вардар 17. пат го освои Купот на Македонија

Vecer | 01.06.2025

Вардар 17. пат го освои Купот на Македонија

Екипата на Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 31-27 (17-14) во финалето на ракометниот Куп на Македонија, што се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

„Црвено-црните“ заслужено го освоија трофејот откако целосно го надиграа ривалот и постојано имаа водство во финалето.

Вардарци го вратија трофејот во своите витрини по една година пауза, откако лани Алкалоид беше освојувач на Купот.  Вардар 1961 на овој начин стигна до 17-та титулата во ова натпреварување.

Кај Вардар со по шест гола најефикасни беа Јагуриновски и Крсманчиќ додека Радивојевиќ беше најефикасен играч на натпреварот со осум гола. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk