logo
logo
logo

ЛЕЈКЕРСИ СЕ ПРОДАВААТ - за 10 милијарди!

Vecer | 19.06.2025

ЛЕЈКЕРСИ СЕ ПРОДАВААТ - за 10 милијарди!

НБА франшизата на Лос Анџелес Лејкерс наскоро ќе биде продадена, а вредноста се проценува на 10 милијарди долари.

Неверојатни и неочекувани вести доаѓаат од НБА инсајдерот Шамс Чаранија, кој објави дека семејството Бас одлучило да го продаде својот мнозински удел во Лос Анџелес Лејкерс.

Семејството Бас ќе ги продаде Лејкерс на Марк Волтер, извршен директор и претседател на холдинг компанијата TWG Global.

Според Чаранија, вредноста на Лејкерс, во сопственост на семејството Бас, се проценува на 10 милијарди долари, што значи дека ова ќе биде убедливо најпрофитабилната продажба на спортски тим во историјата.

Џини Бас ќе остане гувернер на Лејкерс дури и по продажбата.

Ова значи дека семејството Бас нема да биде мнозински сопственик на Лејкерс за прв пат од 1979 година, кога Џери Бас ја купи франшизата од Џек Кент Кук за 67,5 милиони долари.

Лејкерс беа преземени од неговите деца кога тој почина во 2013 година, а сега е време да се продаде франшизата што освои 17 НБА шампионати.

Новиот мнозински сопственик Марк Волтер е малцински сопственик на Лејкерси од 2021 година и има удели во разни спортски организации, како што се Доџерс (MLB), Спаркс (WNBA), Купот на Били Џин Кинг (тенис), Кадилак Тим (Ф1) и Женската хокеарска лига.

Моментално не е познато колку Волтер ќе треба да плати за уделот на семејството Бас во Лос Анџелес Лејкерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk