Кошаркарите на Бостон го совладаа Сан Антонио со 143-140 по продолжение за 34. триумф оваа сезона. Во центарот на вниманието се најде Џејсон Татум, благодарение на него Селтикс надокнадија негатива од 32 поени. Зад своето име запиша 60 поени (20/37 од игра, 5/7 за три поени), осум скока и пет асистенции.

Татум го изедначи рекордот по број на постигнати поени, но и го урна личниот рекорд на постигнати поени на еден меч. Кај Сан Антонио, Демар Дерозан имаше со 30 поени и 14 асистенции.

ЛА Лејкерс беа совладани од Сакраменто со 110-106 за 27. пораз оваа сезона. На актуелниот првак не му помогна ниту Леброн Џејмс, кој постигна 16 поени, осум скока и седум асистенции за 32. минути во игра.

Резултати: Филаделфија – Атланта 126-104, Бостон – Сан Антонио 143-140, Кливленд – Вашингтон 93-122, Бруклин – Портланд 109-128, Мемфис – Орландо 92-75м Чикаго – Милвоки 98-108, Феникс – Јута 121-100, ЛА Лејкерс – Сакраменто 106-110.

 

sportmedia.mk