logo
logo
logo

„5-минутен Ковид тест“ ќе ги враќа навивачите на стадионите во Англија

Vecer | 19.02.2021

„5-минутен Ковид тест“ ќе ги враќа навивачите на стадионите во Англија

Развиени од биотехнолошката фирма „Авака“ во Јоркшир, Британија може да воведе брзо тестирање за враќање на навивачите на стадионите и тоа веќе оваа пролет. Весникот „Сан“ пишува дека брзите и прецизни резултати кои ги дава новиот тест Авака дава резултати меѓу пет и 10 минути.

Овој тест е веќе во агендата на Борис Џонсон за да спаси илјадниците клубови и театри ширум Велика Британија, но и фудбалските клубови кои имаат големи финансиски минуси поради играњето пред празни трибини веќе цела година. Според едно сценарио во скоро време билети ќе се продаваат заедно со овие брзи Ковид-19 тестови. Ако навивачот кој купил билет е позитивен, парите за билетот ќе му бидат вратени.

Тестирањето ќе се врши пред стадионите и ќе трае кратко.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk