logo
logo
logo

ОХРИД ВО ЗНАКОТ НА РАКОМЕТОТ: Се игра Фајнал фор турнирот

Vecer | 31.05.2025

ОХРИД ВО ЗНАКОТ НА РАКОМЕТОТ: Се игра Фајнал фор турнирот

Во полуфиналето од Фајнал фор турнирот на ракометниот Куп на Македонија денеска од 17 часот се среќаваат екипите на РК Вардар и РК Пелистер, а од 19:30 часот ќе играат екипите на РК Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид.

Пред стартот на натпреварувањето се одржа прес-конференција на која присутни беа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецков и првиот човек на РФМ, Александар Стефанов, како и претставници на сите четири клубови кои се дел од завршницата.

-Би сакал да им посакам среќа на сите учесници, во еден ракометен и спортски дух и низ коректна борба да имаме убав турнир. Благодарност до домаќинот за организацијата, се надеваме на успешен завршен турнир. Ги повикувам сите Македонци да дојдат, ова е ракометен празник и викенд. Купот секогаш имал посебен натпреварувачки дух, изјави Стефанов.

Пецаков се надева дека како организатори и како домаќини ќе бидат добри и дека во иднина како град, локална самоуправа и ракометен клуб треба да ја зграбат шансата и да бидат повторно организатори на Ф4.

– Посакувам спортска игра, многу среќа и подобриот нека победи, рече Пецаков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk