logo
logo
logo

КИРЕ ЈА ОДНЕСЕ МАКЕДОНИЈА НА НОВО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО: „Мора да се приближуваме кон светските велесили кои газат од прва до последна секунда“

Vecer | 17.05.2026

КИРЕ ЈА ОДНЕСЕ МАКЕДОНИЈА НА НОВО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО: „Мора да се приближуваме кон светските велесили кои газат од прва до последна секунда“

Машката репрезентација на Македонија се пласираше на Мундијалот во Германија наредната година, откако ја елиминира Словачка со вкупна гол-разлика од 22 погодоци.

Селекторот Кирил Лазаров ја продолжи рекордната низа, откако како кормилар нанижа шест големи натпреварувања!

По дебито на ЕП 2022, следуваа СП 2023 во Шведска и Полска, ЕП 2024 во Германија, СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка, како и ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонската ракометна репрезентација избори учество на уште едно Светско првенство откако и во реваншот од баражот ја совлада Словачка со убедливи 38:23.

Во прекрасна атмосфера во исполнетата сала во СЦ „Борис Трајковски“ македонските ракометари играат пред сè за македонските фанови.

Македонските ракометари бодрени од македонските фанови по десет минути игра водеа со пет разлика (7:2). По водството од 9:3 словачкиот селектор побара тајм аут во 12.минута, но ништо не се промени и македонските ракометари поведоа и со 12:4.

По 20.минути игра Словачка направи серија од 3-0 и намали на 13:8. На полувреме беше 18:11.

И вториот дел македонските ракометари го почнаа во ист ритам и во 35.минута за првпат поведоа со 23:13. Сигурната игра продолжи и до крајот на натпреварот, а најефикасен во нашиот тим беше капитенот Филип Кузмановски со 11 голови.

Првиот дуел одигран во Прешов заврши во корист на македонската репрезентација со 31:24.

Пласман на СП 2027 во Германија преку баражот изборија: Норвешка, Фарски острови, Шпанија, Грција, Полска, Франција, Словенија, Србија и Италија.

Сега следува Мундијалот во 2027 година во Германија, а сега ни останува да ја чекаме ждрепката на 10 јуни и ривалите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk