logo
logo
logo

СРАМНА ОДЛУКА НА ЕХФ: Мечот не се одиграл од безбедносни причини!

Vecer | 25.05.2025

СРАМНА ОДЛУКА НА ЕХФ: Мечот не се одиграл од безбедносни причини!

Вечерва се беше подготвено за спектакл, но натпреварот не се одигра поради навивачите и ракометарите на АЕК.

Фановите на АЕК не се појавија на трибината каде што требаше да бидат сместени, а ракометарите на грчкиот клуб не сакаа да играат поради тоа што ги нема нивните навивачи.

Европската куќа на ракометот ЕХФ соопшти дека натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК не се одиграл од безбедносни причини?!

Но, ЕХФ излезе со соопштение дека мечот не се одиграл од безбедносни причини.

„Финалето од ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК Атина беше откажан од безбедносни причини“, стои во соопштението на ЕХФ.

Нејасно е кои се тие безбедносни причини кога ракометарите на АЕК во ниту еден момент не беа загрозени.

Ова не е прв ваков случај на АЕК оваа сезона, слично беше на двомечот против Партизан во четвртфиналето кога грчкиот клуб одби да игра поради испади на домашните навивачи. Мечот подоцна се одигра на неутрален терен и АЕК помина во следната фаза.

ЕХФ уште еднаш покажува дека е несериозна организација и дека во европскиот ракомет се е можно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk