logo
logo
logo

Еве КОГА ЖЕНИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ НАЈПОСАКУВАНИ, а има и зошто

Vecer | 27.02.2021

Еве КОГА ЖЕНИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ НАЈПОСАКУВАНИ, а има и зошто

Веројатно често сте чуле дека убавината во голема мера зависи од самодовербата што ја носиме во нас. Дека е вистина потврдува и едно истражување, кое дошло до заклучок во кои години жените се чувствуваат најпривлечно, односно кога имаат најголема самодоверба во својата женственост и привлечност.

Во случај да не сте знаеле, жените се чувствуваат најпосакувано на помеѓу 30-та и 35-та година. И дали знаете зошто?

Оние кои веќе достигнале некои зрели години, многу добро знаат дека со стареењето и зрелоста стануваме се повеќе свесни за нашите квалитети.

Кога имате 30-35 година, вие сте доволно „стари“ тоа да го откриете, а сепак „доволно млади“, за да сè уште не страдате што годините се читаат на вашето лице и тело.

Ова знаење за жените во триесеттите години им дава предност во однос на помладите девојки и еве зошто. Девојките во дваесетина години често се чувствуваат несигурни, се потпираат само ан својата младост и вроден сексипил без да се грижат што може да понудат повеќе од тоа па затоа се помалку привлечни за мажите.

Иако за разлика од нив, 30-годишниците веќе имаат изградено свој стил, свест за себе и интелектуален потенцијал, тие знаат што им одговара и во што се чувствуваат најпријатно, па затоа се многу попривлечни за и повеќе посакувани.

Повеќето мажи на прашањето што ја прави жената привлечна, одговориле дека тоа е нејзината самодоверба и способноста да биде интересна пред и после сексот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk